eebad02b9c5415f9ba153e4096437663_L

Презентација на можностите за финансирање за претпријатијата

Фондот за иновации и технолошки развој, во соработка со Секторот за туризам и локален економски развој, во Вторник ( 20.05.2014 год.), во големата сала – општина Охрид, ќе организираат презентација на можностите за финансирање за претпријатијата.Презентацијата има за цел промовирање и поттикнување на иновациската дејност, подобрување на пристапот до финансиските услуги за иновации, развивање на инфраструктурата за иновации и технолошки развој и развој на партнерствата помеѓу универзитетите, истражувачките центри и приватниот сектор во Република Македонија. Агендата за презентацијата следува во прилог.