ОД 2020 БАНКНОТИ СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

НОВИ ПАРИ СО НОВОТО ИМЕ РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА!

Нови пари со новото име на државава, Република Северна Македонија, веќе ќе се печатат сукцесивно од следната година, а старите ќе имаат важност од пет години или се додека не се повлечат од прометот.

Народната банка поради комплексноста на постапката треба да направи анализа и план на неопходните активности за постепена замена на банкнотите, со оценета временска динамика, во рамките на редовните нови емисии, водејќи сметка за макроекономската стабилност.

Првите нови банкноти со новото име на Народната банка би можеле да бидат изготвени на почетокот на 2020г. и потоа, сукцесивно, да бидат целосно заменети најдоцна во рок од 5 години од отварањето на релевантното ЕУ поглавје.

Инаку новото име на Народната Банка на Република Македонија е Народна Банка на Република Северна Македонија.