doctor-stethoscope-628x363

Наместо матични, се воведуваат семејни лекари

Со цел рана превенција од разни заболувања, петнаестенина студенти на медицина денеска во центарот на Скопје, на граѓаните им мереа крвен притисок, телесна тежина и висина, како и индекс на телесна маса, со што за првпат во Македонија се одбележа Светскиот ден на семејните лекари.

Граѓаните велат редовно прават здравствени прегледи, веруваат дека раната дијагноза ќе спречи повеќе заболувања.

Иако македонските пациенти немаат семејни лекари, од Здружението на лекари по општа, односно семејна медицина, велат специјализациите веќе се во тек и од 2015 граѓаните ќе можат да изберат семеен доктор.

Концептот семејна медицина се актуелизираше лани ,а како што најавија од Фондот за здравствено осигурување, ќе се воведе следната година. Семејниот лекар ќе нуди повеќе здравствени услуги – ехо прегледи, мерење шеќер во крв, стреп-тест, капацитет на бели дробови, вадење конци, како и земање микробиолоши примероци. Сите матични лекари треба да се доедуцираат или специјализираат семејна медицина, до 2020 година.