vardar-metalurg-6

КУП : Време е за финале

Во финалето од 22-то издание на Купот на Македонија ќе се сретнат екипите на Металург и Вардар.

Градските ривали пред себе имаат нов историски натпревар онаков какви што се сите нивни меѓусебни пресметки сезонава.

Полуфиналните пречки „металурзите“ и „црвено црните“ ги минаа без посериозни проблеми и закажаа спектакуларен меч во финалето од Купот кое се игра во Охрид.

Натпреварот ќе започне во 17:45 часот.