zaev

Заев бара помирување со опозицијата на сите нивоa !

Помирување со опозицијата на сите нивоа во пресрет на претседателските избори побара премиерот, одговарајќи на пратеничко прашање, дали  е свесен дека,  поделбата на наши и ваши, на ние и вие, е зголемена на терен. Вели дека помирувањето е поважно од реформските закони. Го понуди својот кабинет, со сите негови капацитети, а побара и од опозицијата, да предложат свои луѓе, да се направи анализа и да се спречат појавите кои ги засилуваат поделбите.

Прашањето го постави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Весна Дамчевска, која укажа и на фактот дека од институциите, а особено од образовните, се бркаат од работа луѓе со повеќегодишно искуство, за да се примат партиски лица.

Друга пратеничка, пак, побара оставка од министерот з авнатрешни работи, кого го обвини дека не презема ништо за зголемениот криминал, кражбите и исчезнувањата.

Министерот се бранеше со статистички бројки, кои според него, докажуваат дека криминалот бил поголем за време на претходната влада.

Пратеникот Зијадин Села, реагираше дека не успева да постави прашање, затоа што е 17-ти по ред на списокот за поставување на пратенички прашања.Обвини дека со тоа сакаат да го сокријат театарот со неодземањето на имунитетот на Трајко Вељановски, за што имал намера да праша и да побара одговорност. За истото реагираше и Амди Бајрам, по што добија одговор дека списокот се утврдува во координација со пратеничките групи.