Singapore

Дали знаете кој е најскапиот град во светот?

Economist Intelligence Unit секоја година прави истражувања со цел да дознае кој е најскапиот град во светот. Веќе петта година по ред, Сингапур е на првото место на најскапи градови. Оваа истражување е направено преку споредување на цените на различни производи кои што ги има во тој град.

Сингапур е град во кој се смета дека доколку одите во шопинг на гардероба, вие ќе поминете најскапо. Освен гардеробата, во Сингапур е најскапо да купите автомобил и него да го одржувате.Веќе втора година по ред, во Сингапур за да извадите дозвола за возење, вие треба да платите неверојатни 37 илјади долари,а пак обичен патнички автомобил може да чини во просек 75.000 долари.

Второто место го делат Париз и Цирих, а четврти е Хонг Конг. Осло е петти најскап град, на шестото и седмото место – Сеул и Женева, на осмо – Копенхаген, а деветтото и десеттото ги делат Тел Авив и Сиднеј.

Токио и Њујорк по подолго време не се најдоа меѓу десетте најскапи.

Азиските градови обично се најскапи за живот во однос на храната, а европските – во однос на домашните трошоци, средствата за хигиена, рекреација и забава, се вели во истражувањето.

Меѓу најевтините градови пак, се Дамаск, Каракас, Лагос и Карачи.