auto_Edi-Rama-11485010525

Албанскиот премиер Еди Рама беше полеан со мастило во албанскиот парламент од страна на опозицискиот пратеник Еди Палока за време на ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија кон НАТО.

    На седницата за ратификацијата на Протоколот за македонското членство во НАТО присуствуваше и првиот човек на Собранието, Талат Џафери. Лидерот на опозициската Демократска партија, Љулзим Баша, остро ја критикуваше владата поради корупција, по што премиерот Рама го опомена дека повеќе зборува за тоа, отколку за ратифкацијата на Протоколот. Потоа пратеникот Еди Палока истури мастило врз премиерот. Палока мораше да ја напушти салата и доби суспензија од 10 дена.